Катар Холдинг заинтересиран за Попова Шапка и за енергетски проекти во РМ

Bez autora
Jan 28 2013

Компанијата Катар Холдинг, која бележи невиден раст со бројните инвестициски проекти во над 30 земји во светот, искажа интерес за ски центарот Попова Шапка, како и изградба на голем спа комплекс преку добивање на концесија за термоминерална вода. За ова станало збор на средбата што во понеделникот во Катар ја оствари македонскиот министер за економија Ваљон Сараќини со генералниот и главен извршен директор на Катар Холдинг, Ахмад Мохамед Ал-Сајед. За време на средбата, компанијата од Катар пројавила интерес и за влез во електроенергетскиот сектор во Македонија, преку докапитализацијата на АД ЕЛЕМ, можната изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште и проектот Вардарска долина. Сараќини информираше дека по изборот на консултант, ќе биде направена анализа и ќе биде предложена најдобрата структура за докапитализација на АД ЕЛЕМ министерот ја објасни поедноставената постапка за концесии во делот на минералните богатства, овозможена со новиот закон за минерални суровини, се вели во соопштението на министерството за економија.

Катар Холдинг заинтересиран за Попова Шапка и за енергетски проекти во РМКомпанијата Катар Холдинг, која бележи невиден раст со бројните инвестициски проекти во над 30 земји во светот, искажа интерес за ски центарот Попова Шапка, како и изградба на голем спа комплекс преку добивање на концесија за термоминерална вода.

За ова станало збор на средбата што во понеделникот во Катар ја оствари македонскиот министер за економија Ваљон Сараќини со генералниот и главен извршен директор на Катар Холдинг, Ахмад Мохамед Ал-Сајед.

За време на средбата, компанијата од Катар пројавила интерес и за влез во  електроенергетскиот сектор во Македонија, преку докапитализацијата на АД ЕЛЕМ, можната изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште и проектот Вардарска долина.

Сараќини информираше дека по изборот на консултант, ќе биде направена анализа и ќе биде предложена најдобрата структура за докапитализација на АД ЕЛЕМ министерот ја објасни поедноставената постапка за концесии во делот на минералните богатства, овозможена со новиот закон за минерални суровини, се вели во соопштението на министерството за економија.

Министерот за економија Ваљон Сараќини е дел од официјалната делегација предводена од Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов  која во наредниве два дена престојува во Катар на покана на Емирот на Катар.

Во рамки на официјалната програма, делегацијата од Република Македонија предводена од Ѓорге Иванов, оствари средба со Неговото Височество Шеикот Хамад бин Калифа ал Тани.

Со цел понатамошно унапредување на договорната рамка меѓу двете држави, министерот Сараќини потпиша меморандум за разбирање за туристичка соработка меѓу двете земји, а беше потпишан и меморандум за соработка меѓу стопанските комори на Македонија и Катар.

Досега Македонија и Катар досега имаат потпишано договори за избегнување двојно оданочување, за соработка во сферата на образованието, во земјоделството и за заемна заштита на инвестициите.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik